ФОТО: Никол Шерцингер во секси облека го покажа стомакот - фановите убедени дека е бремена

Никол Шерцингер на својот Инстаграм профил објави фотографија и видео на кои позира во жолта тренерка која ѝ го открива стомакот.

42-годишната пејачка во описот ставила само неколку емотикони, но нејзините фанови набрзо во коментари почнале да пишуваат дека пејачката е бремена.

„Дали си бремена?“, „Те сакаме идна мајко“, „Погледнете ја идната мајка“, „Овој стомак не може да биде од храна“, „Ова е труднички стомак“, се само некои од коментарите.

Дополнителен сомнеж за тоа дека е бремена поттикнала со тоа што ја избришала фотографијата под која сите пишувале дека е бремена, па повторно ја објавила.

Пејачката од групата „Pussycat Dolls“ е во врска со рагбистот Том Еванс, со кој се запознала на снимањето на серијалот „X Factor“.

Врската ја потврдиле на почетокот на годината, а Никол ова лето ги запознала родителите на Том во Португалија.

 
 
 
View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Scherzinger (@nicolescherzinger) on Sep 24, 2020 at 5:04pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа