ФОТО: Ниедно другарче не дошло на роденденот на ова момче - таткото објавил негова фотогтрафија, па добил честитки од светски ѕвезди

„Мојот син Кејд организираше прослава по повод 11. роденден. Никој од поканетите пријатели не дојде. Тоа боли“, напиша на Твитер Џејсон Фостер, татко на Кејд, и објавил фотографија од синот кој сепак со насмевка на лицето се фотографирал пред тортата.

Таткото се обидувал да го утеши момчето, па сите свои пријатели на Твитер ги замолил да му „покажат малку љубов и да напишат роденденска порака“. Објавата станала хит на интернет и Џејсон не се ни надевал дека неговиот син ќе добие честитка од некои од најголемите ѕвезди во светот.

Имено, Фостер го тагнал хокеарскиот клуб „Toronto Maple Leafs", како и хокеарите кои му се идоли на неговиот син и честитките набрзо почнале да пристигнуваат и од филмските ѕвезди.

На Кејд роденден му честитале актерот Бен Стилер, канадскиот премиер Џастин Трудо, играчите од неговиот омилен хокеарски клуб и уште многу луѓе.

„Не можеме да веруваме што се случи. Кејд и остатокот од семејството се воодушевени. Секој кој му испрати порака - му благодарам од срце. Тој е неверојатен син и овој ден нема никогаш да го заборави“, додал подоцна гордиот татко.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега