ФОТО: Неверојатна глетка на плажа во Финска - илјадници замрзнати топчина забележани на крајбрежјето

Неколку илјади парчиња мраз во облик на јајце ја прекрија плажата во Финска, што е редок природен феномен.

Фотографот Ристо Матила налетал на „замрзнатите јајца“ кои ретко може да се видат во толкава количина, а да настанат кога водата и ветерот носат парчиња мраз.

„Бев на плажа со сопругата. Беше сончев и ветровит ден, но околу минус еден степен Целзиусов“, наведува тој.

„Таму го најдовме овој неверојатен феномент. Ледените јајца беа покрај водата ширум плажата“.

Џорџ Гудфелоу, кој во Би-Би-Си се занимава со временска прогноза, наведува дека постојат два услови за настанување на замрзнатите јајца - ветер и ладно време.

Мразот расте кога водата го прска и се замрзнува во негова количина, но до брегот завршуваат затоа што ветерот ги носи“, истакнал тој.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега