ФОТО: Несреќа кај салата „Борис Трајковски“: Распрскано стакло, укажувана прва помош

 

Два автомобили се судрија на булеварот „8 септември“ во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“, пишува „Макфакс“. 

Според „Макфакс“ има повредени лица и возилата се оштетени.

На едното од нив, марка „сеат“, пукнато е стаклото од страната на возачот и истото е распрскано на булеварот. Паднат е и фар од едно од возилата. Била укажувана и прва помош, а на улицата се остатоци од гази, како и лични предмети.

05.06.2023 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа