ФОТО: Не сме навикнати на ваков изглед - Адел ослабе 50 килограми

Иако нејзината трансформација е завршена пред неколку месеци, не сме навикнати на новото издание на музичката ѕвезда.

Британската пејачка Адел и нејзиното губење околу 50 килограми, без сомнеж го обележаа изминатиов период кога станува збор за светот на познатите личности.

Адел, која што целиот живот имала вишок килограми и не оддаваше впечаток дека тоа премногу ја оптоварува, решила да промени нешто во својот живот по разводот од Сајмон Конецки, па почнала да тренира и да се храни здраво, и килограмите почнале да се „топат“.

Бидејќи не е голем обожавател на социјалните мрежи и дека не излегува премногу на јавните настани, немаме често можност да ја видиме новата фигура на Адел, па секоја фотографија која што ќе се појави на интернет е вистински деликатес за нејзините обожаватели.

Минатиот викенд Адел објави фотографија посветена на славната пејачка Бијонсе, чиј е голем обожавател. Адел облечена во маица со истиот дезен како она што го носи Бијонсе во спотот со кој го промовира новиот албум „Black is King“.

„Ти благодарам кралице, што со својата уметност секогаш правиш да се чувствуваме сакано“, порачала Адел.

 
 
 
View this post on Instagram

Thank you Queen for always making us all feel so loved through your art 

A post shared by Adele (@adele) on Aug 1, 2020 at 11:09am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа