ФОТО; Наставнички во САД кои добиле казни поради сексуални односи со ученици - испраќале и свои голи фотографии

Стефани Петерсон, 26-годишна учителка од Флорида добила тригодишна казна затвор затоа што спиела со еден од своите малолетни ученици. Таа на 14-годишното момче му испраќала експлицитни фотографии, а подоцна се испоставило дека му давала и марихуана.

Според пишувањата на американските медиуми, Питерсон била во брак, а нејзиниот сопруг бил пожарникар. Секојпат која сопругот ѝ бил на дежурство, наставничката го носела момчето дома.

STEPHANIE PETERSON SENTENCING - PART 1

Подоцна било утрвдено дека се започнало со допишување на Снепчет, потоа со нејзино испраќање на фотографии под туш, за на крајот да ги премине сите граници и да се впушти во сексуално односи со момчето.

На судот се бранела дека боледува од биполарно пореметување, што било олеснувачка околност за изрекување пресуда. Судијата на крајот сепак рекол дека мора да плати за своите грешки. Учителката била пријавена од страна на мајката на момчето.

Шест години затвор добила и Кори Брд, тренер на средношклоска фудбалска екипа. Таа за време на 18 месеци работа, имала секусален однос со 2 малолетници. Брд е една од ретките наставнички кои не изразиле каење. Ѝ се заканувала казна меѓу 4 и 15 години, а на крајот била осудена на 6 години затвор. Не е познато дали ги тренирала момчињата или биле ученици во училиштетот во кое работела.

Без казна поминала 24-годишната Американска Медлин Маркс која во средно училиште во Охајо дошла како наставничка на замена. Нејзините голи фотографии почнале да кружат низ училиштето, а не требало долго време да се установи дека им ги пратила на своите ученици. Таа се товари дека имала сексуален однос со 16-годишник, како и дека му пружала и орален секс, но на крајот се извлекла само со условна казна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2019 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега