ФОТО: Нарачала торта за својата ќерка во облик на еднорог - кога пристигнала, од срам не сакала ни да ја покаже пред гостите

Александра Шредер од американскиот град Мичиген долго го планирала петтиот роденден на својата ќерка, но вели дека се се претворило во катастрофа поради слаткарницата Whipped Bakery.

Александра од таа слаткарница нарачала торта во болик на еднорог и изнајмила простор за 13 луѓе. Сетоа тоа го платила 350 долари, но вели дека слаткарницата обезбедила само една маса и 6 столчиња.

Nezadovoljna Aleksandra

-Ми рекоа дека гостите може да стојат - рекла разочараната Американка за „19 News".

Тортата вели, била далеку од очекувањата.

-Рогот кој излегуваше од тортата беше срамен. Се гледаа траги од прсти на него и не беше златен. Кога прашав дали може да ја видам тортата пред забавата ми рекоа дека не е готова - рекла Александра која се пожалила на социјалните мрежи, откако од слаткарницата ја обвиниле дека таа и нејзините гости го уништиле просторот за забава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега