ФОТО: Нарачала торта со принцеза од Дизни, но добила друго - со срам ја изнела пред гостите

Девојка која нарачала торта за 25. роденден поприлично се изненадила од она што го добила.

Мајката на Кенсли Дејвис се јавила во слаткарница и нарача торта со тема Моана, главната улога  истоимениот анимиран филм на Дизни. Но, наместо Моана добила - марихуана.

Фотографиите кои Кенсли ги објавила на Фејсбук станале хит на интернет.

-Немав можност да ви го раскажам искуството овој викенд со роденденската торта. Мајка ми се јави и нарача торта велејќи дека многу ја сакам Моана. Треба ли да кажам дека тие луѓе мислеле дека рекла марихуана - напишала таа во опис на фотографијата од тортата.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега