ФОТО: Најубавата жена на светот никој не ја видел во топлес, а сега се соблече и предизвика „бура“ на Инстаграм

Манекенката Роузи Хантингтон Вајтли, како поголемиот дел од светската популација деновите ги поминува во изолација со својот сопруг и син, а одвреме-навреме на социјалните мрежи споделува фотографии и виртуелно комуницира со своите пријатели и фанови.

Таа е позната по тоа што на Инстаграм често споделува свои ‘шик’ модни изданија, а жените обожуваат да ги гледаат фотографиите од нејзиниот гардеробер каде што убавата русокоса покажува какви тренд парчиња има.

Но, бидејќи сега поголемиот дел од своето време го поминува во тренирки, повеќе ги нема нејзините модни парчиња на профилот, но тоа не значи дека истиот ѝ е здодевен – напротив!

Атрактивната манекенка решила да ја загрее атмосферата, објавувајќи фотографија на својот профил на која што позира само во долниот дел од тренирките, додека пак на горниот дел од телото не носи ништо.

Таа позирала пред огледало, истакнувајќи го своето совршено обликувано тело и бујните гради кои што ги сокрила со рацете.

Инаку, Роузи редовно објавува фотографии без шминка, докажувајќи дека воопшто не треба да се среамиме од својот природен изглед...

 
 
 
View this post on Instagram

Sweats  @_lestien #ad

A post shared by Rosie HW (@rosiehw) on Mar 30, 2020 at 4:37pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега