Фото: Најмладите струмичани ја продолжија карневалската традиција

 

Со одржувањето на традиционалниот Детски карневал на празникот Прочка во Струмица продолжија карневалските празнувања. 

Најмладите жители на Струмица пред многубројната публика се претставија со групни и поединичени маски, креирани од нивните учителки и родители.

Најмладите струмичани ја продолжија карневалската традиција

Во детската карневалска поворка имаше принцези и принцеви, продавачи на пуканки, панкери, пламенчиња, морски животни и многу други ликови од детските бајки и сказни, како и јунаци од цртаните серии и филмови.

Детскиот карневал се одржува наредниот ден по завршувањето на Интернационалната карневалска вечер, а на денешниот учествуваа над илјада дечиња.

Актери од струмичкиот театар пред децата ја одиграа претставата „Пинокио“.

струмица деца карневал

Карневалските празнувања продолжуваат утре, на Чист Понеделник, кога жири комисијата на Струмичкиот карневал ќе ги соопшти наградите од Главната карневалска вечер, а потоа во огромниот казан, поставен на Плоштадот „Гоце Делчев“, ќе се вари бел посен грав, кој треба да се подели во околу три илјади порции.

Утрешниот ден завршува со отворање на изложбата на карикатури и афоризми од годинашниов меѓународен фестивал и доделување на признанијата на најуспешните карикатуристи и афористичари. 

 

 

 

18.02.2018 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа