Фото: Најголема ноќна мора - и се скина фустанот на настапот на ЗОИ, па се се виде

 

Француската претставничка во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Габриела Пападикис доживеа голема непријатност кога за време на настапот со партнерот Гијом Сизерон, и се скина дел од костимот.

Но, и покрај тоа ова натпреварувачка во уметничко лизгање успеа во обидот да ја заврши точката од програмата, дури и ќе се бори за олимпискиот медал во Пјонгчанг.

francuska-klizacica (3)

Пред финалната серија тие се на второто место во танцовите двојки заедно со својот партнер Гијом Сизерон, но нивниот настап се претвори во мала ноќна мора за секој лизгач, особено на овие натпревари на кои се бара и екстраваганција.

francuska-klizacica (4)

– Веднаш почувствував штом се случи тоа. Тоа навистина е голем проблем, но си велев дека морам да продолжам. Ние двајцата на крајот имавме одличен настап, на кој можеме да бидеме горди без разлика на тоа што се случи, изјави Пападакис по настапот.

 

 

 

20.02.2018 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа