Фото: На Гугл пронашол исчезнат малезиски авион - откриено зошто местото на падот морало да биде сокриено

 

Австралиски инженер Питер Мекмехон, кој има искуство во истрага на несреќи, неодамна изнел тврдење дека со помош на „Google Earth" апликацијата ги пронашол останките од малезискиот авион МХ730, кој исчезнал за време на летот во 2014 година.

Питер Мекмехон тврди дека го открил точното место на падот на ислчезнатиот авион , кој се изсгуби од радарите пред точно четири години со сите 239 патници и членови на екипажот. Остатоците биле пронајдени близина на островот Маурициус .

Инженерот тврди дека американските истражители одбиле да го пребараат тој дел од Индискиот океан и дека остатоците од авионот се изрешетани со куршуми. Мекмехон смета дека истражителите , пратени во Австралија за да го најдат авионот , ги криеле најбитните информации .

Тој е убеден дека потрагата по авионот е прекината поради незгодните прашања што би се поставиле поради изрешетаниот труп на авионот .

Инженерот ги пратил информациите во Австралискиот завод за транспорт и безбедност , каде во целост не можеа да исклучат дека сепак станува збор за исчезнатиот Боинг , кој падна во Индискиот океан по шест часа лет. 

 

 

 

19.03.2018 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа