ФОТО: Му беше другарка а не дојде на погреб - Сите ја нападнаа пејачката за начинот на кој се прости од Гру

Српскиот рапер Гру почина минатиот викенд во Земун при екстремен спорт на вода, а беше погребан во четвртокот. Српската пејачка Кија Коцкар и победничка на „Задруга", му беше блиска пријателка, но не дојде на погребот, а сите ја нападнаа за начинот на кој се прости од пејачот.

Таа се појави по трагедијата на Избор за мис и заблеска во тоалета, на која имаше црн беџ во знак на жалост за Гру.

Таа на овој начин сакала да покаже колку и значел трагично починатиот рапер, но на социјалните мрежи имаше лавина коментари за тоа дека Кија не се простила од него на правиот начин. И нејзините коелги се поделени, Додека нејзината колешка Гоца Тржан смета дека постапила правилно, од друга страна пејачот Кнез смета дека тоа не е начин да се простиш од некој кој ти бил толку близок пријател, пренесе српскиот Курир.

Инаку, Гру зад себе остави сопруга и две деца кои се скршени од болка.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега