ФОТО: Момче си играло, па паднало на нож кој му го прободел образот - докторите во Америка зачудени

Петнаесетгодишниот Ели Грег од областа Бурбон, Канзас, закрепнува во својот дом од морничавата несреќа, откако во понеделникот бил пуштен од болница каде бил примен поради убод од остар предмет во глава.

Ели си играл надвор со своите братучеди и семејни пријатели во четвртокот вечерта, кога пронашле нож.

-Нож. долг околу 25 сантиметри, не припаѓал на семејството. Го пронашле надвор на трева. Како што разбрав, Ели сакал да го однесе подалеку од помалите деца поради нивна заштита. Момчето го носело ножот, некако се сопнало и паднало, а ножот се зарил директно во неговото лице - навел докторот Коџи Еберсол.

Ели во интервјуто кое го објави болницата рекол дека инцидентот се случил многу брзо и дека неговата мајка веднаш повикала Брза помош штом го видела во кујната.

-Ја сакам, мило ми е што се најде во тој момент во кујната за даме види. Ова можеше да биде мојот крај- раскажал Ели.

Докторот изјавил дека момчето не претрпело никакви други повреди.

-Не му се повредени мозокот, ни видот, ни очите, нема мозочен удар ниту крварење во мозокот. Тој има само мала козметичка лузна на образот. Никогаш не би рекле дека поминува низ сето ова - рекол Еберсол.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега