(ФОТО) Моќна, женствена и сензуална: Ирина Шајк во нова фотосесија

Таа го зацементира статусот на една од најплатените и најдобри супермодели на денешницата.

Ирина Шајк ги покажа своите модни акредитиви додека позира во мрежест топ и свилено здолниште за блескава фотосесија во рамките на најновата кампања на Self-Portrait.

Руската убавица потоа се пресоблече во тексас-издание.

Self-Portrait, моден бренд со седиште во Лондон, претстави серија тизер-фотографии од својата најнова кампања со Ирина, која се враќа по дебито за брендот минатата година.

Позирајќи пред објективот на модната фотографка Карлин Џејкобс во Њујорк, Ирина носи парчиња од претколекцијата есен/зима 2022 година.

12.05.2022 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега