ФОТО: Милошоски од инфективна се заблагодари за убедливата победа во Кичево

Антонио Милошоски се заблагодари на своите сограѓани Кичевчани, пријатели и поддржувачи за поддршката и довербата, за која вели, ќе даде сè од себе да ја оправда во Собранието на Македонија.

-Оваа кампања за жал бев хоспитализиран на Инфективна, каде сè уште се наоѓам заради Ковид-19, но ќе се преброди и ова и сите предизвици со кои се соочуваме во овие клучни моменти за државата.

Честитки за постигнатиот успех на сите МК и ОК, на првиот човек на ОК Ѓорѓија Сајкоски и на пожртвуваната претседателка на УЖ Oле Божиновска, како и Филип Митрески УМС.
Борбата за Македонија продолжува!, порача Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега