ФОТО: Михајловски до Шилегов - „Градоначалник, имам идеја, ти ќе му смислиш намена“

Градот Скопје почна да го применува новиот концепт за третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во Скопје. Набавени се 950 корпи за џебен отпад што претставува зголемување за една половина од досегашните 1.750 корпи, нови 12 електрични машини за вакумско чистење и 10 електрични возила за чистење и миење на јавните површини.

Со 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри ќе бидат заменети над 1.800 од 4.500 досегашни стари контејнери.

Има и 30 контејнери за селектирање на отпад од 2.200 литри и четири нови комунални возила за третман на овие контејнери.

Тони Михајловски на оваа идеја се пошегува со фотографија од контејнер претворен во фотелја и упати порака до Шилегов:

-Грдоначалник имам идеја..кажи а? Ти ќе му смислиш намена. Може за почеток да ги преселиме оние џуџињата што им градеше куќички од пресечени дрвја у парк - напиша Михаловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2019 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега