ФОТО: Меланија се вклучи во борбата против коронавирусот - со оваа фотографија му пркоси на Трамп и испраќа важна порака

Првата дама на САД, Меланија Трамп, споделила фотографија на која носи маска на лицето откако пандемијата коронавирус почна масовно да се шири и стана првиот член на семејството Трамп кој што јавно се залага за носењето заштитни маски.

„Додека CDC го проучува ширењето на Ковид-19, тие им порачуваат на луѓето да носат платнени облоги за лице во јавните средини кога социјалната дистанца е тешко изводлива“ – објавила Првата дама на САД на социјалните мрежи.

„Запомнете, ова не го заменува значењето на социјалното дистанцирање“.

Твитот со фотографијата следел набрзо откако Трамп објавил видео снимка од себе како држи заштитна маска во рацете.

Првите насоки на почетокот на пандемијата беа дека маските за лице не се неопходни за јавноста да ја избегне болеста. Претседателот, најавувајќи нови мерки, нагласи: „Одлучив да не го правам тоа“.

Претседателот најмалку два пати е тестиран на Ковид-19, и двата теста биле негативни, според извештајот на Белата куќа, а наводно биле тестирани и оние кои што стапиле во контакт со Трамп.

Првата дама била тестирана еднаш, а тестот исто така бил негативен.

„Ве молам, сите да го сфатите сериозно социјалното дистанцирање и да носите маска за лице“ – напишала Меланија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега