Фото: Матурантка го воодушеви регионот - на натписот на нејзината маица никој не остана рамнодушен

 

На социјалните мрежи гледаме само фотографии од матурантите, а една особено привлекла внимание, и тоа на регионално ниво. Станува збор за матурантката Николина Субиќ од Брчко која на матурската прослава се појави во маица со посебен натпис.

„Јас својот матурски стајлинг го донирав“, пишува на мациата на Николина, која е матурнатка од средното земјоделско и медицински училиште.

„Не сакав да ги дадам парите за фустан во кој само ќе прошетам. Вака, помогнав некому кому можеби тоа му значи. Многу сум горда на себе, успеав да направа сѐ онака ако што планирав“, раскажа Николина која матурираше со просек 5,0 и која го воодушеви регионот со својата хуманост.

Ова не е прв хуман гест на младата Николина која и претодно со своите врсници учествувала во хуманитарни акции.

 

 

 

 

25.05.2018 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега