ФОТО: Масакр во Витина - прво ја убил сопругата, па двата сина и на крај си пукал во уста
Ф.З. од Косовска Витина вечерва си го уби целото семејство, а потоа си пресуди себеси во дворот на семејната куќа.
Тој најпрво пукал во својата сопруга МФ., а потоа ги убил двата сина А.Ф. и Х.Ф.
После извршениот масакр, извршил и самоубиство во дворот од семејната куќа.
Семејството наводно живеело во Швајцарија, а во Косово дошле поради празникот.Медиумите наведуваат дека сопружниците веќе со години имале лоши односи.
„Со години се во лоши односи. Ја убил прво сопругата, а потоа децата. Излегол во двор, па си пукал себеси во уста“, рекол извор близок до истргата за косовските медиуми.
Полицијата е на местото на настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа