ФОТО: Манекенката се измори од носење долна облека, па сега лежерно си прошета без градник

Алесандра Амбросио прошетала во комбинација без градник, благодарение на која што се нашла на мета на папарацо фотографите, но исто така и минувачите не останале имуни на нејзината убавина.

Алесандра како во текот на својата кариера да се изморила од носење градници, па очигледно сега најдраги ѝ се комбинациите без нив, односно лежерен стил со кој што гордо се шета по улиците на Лос Анџелес.

39-годишната манекенка во такво издание била уловена, па самоуверено прошетала со заштитна маска на лицето.

Инаку, неа шетањето и одењето на плажа ѝ се омилените активности по карантинот поради пандемијата коронавирус кој што го поминала со своето момче, италијанскиот претприемач Оди и децата кои што ги добила со својот поранешен вереник Џејми Мазури.

Тие веридбата ја прекинале во 2018-та година откако заедно поминале десет години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.08.2020 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега