ФОТО: Манекенката никогаш не изгледала подобро од ова – позираше во бикини и го покажа телото од соништата

Популарната манекенка позираше на сонце и го покажа своето фантастично тело на коешто многумина ѝ завидуваат.

На јужноафриканската манекенка Кендис Свонпул (31), која што се прослави со сексипилната ревија за долна облека на „Victoria's Secret“, не ѝ недостасува работен ангажман ниту во 31-та година од животот затоа што изгледа сè подобро.

Кендис е родена и порасната во Јужна Африка, во текот на нејзиното детство се занимавала со балет.

Кога имала само 15 години во некоја продавница во градот Дурбан ја забележал агент за модели.

Таа досега се појавила во многубројни модни списанија, учествувала на ревии на познати модни брендови, а била и заштитно лице на некои од нив.

Манекенката во 2010-та година станала еден од ангелите на „Victoria's Secret“, а во 2018-та година покренала свој бренд со име „Tropic of C“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2020 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа