ФОТО: Македонскиот музичар покажа каков подарок доби од сопругата за роденден - поради коронавирусот тешко се наоѓа

Македонскиот музичар, некогашниот гитарист и еден од основачите на групата „Нокаут“ – Владимир Крстевски- Франц, веќе со години е надвор од Македонија и сега живее со својата сопруга Ема во Лос Анџелес- САД.

Тие не се многу активни на социјалните мрежи, но понекогаш знаат да изненадат.

Овој пат Франц на својот Фејсбук профил се пофали каков подарок добил од сопругата за роденден. Станува збор за тоалетна хартија, поради кои настануваат најголемите кавги во маркетите поради луѓето кои панично ја купуваат во изобилство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега