ФОТО: Македонската водителка го победи коронавирусот, па излезе на улица - „Помина, ве сакам“

Македонската водителка Миа Костова помина 20-дневна изолација бидејќи беше позитивна на вирусот Ковид-19.

Таа беше и активна на социјалните мрежи каде редовно информираше каква е нејзината здравствена состојба.

Но, сега откако го доби негативниот тест, таа излезе надвор во прекрасна есенска комбинација и се прошета низ скопските улици.

-По 20 дена дневна соба, чувството на допир со сонце и улици е како боите на сликава.

Само едно огромно благодарам до сите што бевте тука и сите соработници кои во оваа кратка пауза се грижеа само да сум добра. Помина. Ве сакам, напиша Миа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа