ФОТО: Македонската пејачка за првпат го покажа лицето на својот син - „Те чекав цел мој живот“

 

Македонската пејачка и учесничка во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ пред повеќе од еден месец станаа родители.

Пејачката е активна на социјалните мрежи и често споделува фотографии од нејзиното семејство, но сега за првпат после 40 дена од раѓањето на нејзиниот син Максим, одлучи да објави и фотографија на која се гледа и лицето на бебето.

„Веќе помина 40 дена….Секогаш се прашував како времето лети кога луѓето се среќни, радосни, полни со љубов. Те чекав цел мој живот, фантазирав за твоите очи и најубавата насмевка на светот.  Кога првпат ми се насмеа застана целиот свет. Чудесна насмевка, така ја нареков. Насмевка која ја лекува мојата душа, моето тело и срце. Насмевка која ми дава сила. Насмевка која ме мотивира. Ти благодарам што не одбра нас да ти бидеме родители“, напиша Еелена во опис на фотографијата на која позира со синчето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега