ФОТО: Македонската пејачка доби понуда за брак - „Кажав „да“ на еден нов живот во кој ќе има само убавини“

Македонската пејачка Зорица Блажева која во јавноста е позната како Зои Блаж и веќе оддамна не е активна на музичката сцена, а во моментов е во посета на Германија, како придружба на својот сакан Тадеј Матијашиќ, поранешниот ракоментар на ракометниот клуб „Металург“, кој моментално игра во германскиот град Зул.

Имено, Зои е неколку години во врска со ракоментарот Тадеј кој по потекло е од Словенија. Иако имаа врска на далечина, со периоди кога не биле заедно поради работните обврски, сепак, љубовта победи!

Изминатиот викенд Тадеј во Германија ја запроси прекрасната Зои.

„Кажав „да“ на човекот кој што ме прави да се чувствувам посебна, кажав „да“ на среќата, кажав „да“ на љубовта, кажав „да“ на еден нов живот во кој ќе има само убавини… Те сакам највеќе на цел свет“, напиша Зои на своите профили на социјалните мрежи, споделувајќи ја среќната вест со своите пријатели и обожаватели.

Facebook

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2020 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа