(ФОТО) Македонија под снег - на овие места има вистинска снежна идила

Утрово Македонија е под снег.

Според видео камерите на сајтот „Ski Macedonia“ јасно се гледа дека речиси сите планини и повисоки места во земјава се под снег.

Снег утрово има, а и се уште врне на Попова Шапка, Маврово, Пониква, Нижополе и Копанки.

Снег има и во Крушево, а метеоролозите нови врнежи на снег најавуваат за во следните денови, особено почнувајќи од среда.

 

28.11.2022 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа