ФОТО: Македонец ја покрил „Северна“ на рекламните паноа низ цел Марибор по повод гостувањето на нашите фудбалери

На 24 март фудбалската репрезентација на Македонија и гостува на Словенија во рамки на квалификациите за ЕУРО 2020. Натпреварот ќе се игра во Љубљана, на стадионот „Стожице“, а рекламни плакати веќе има низ некои градови на Словенија. Меѓу нив и во еден од најфудбалските градови во оваа земја – Марибор.

На рекламните плакати, на кои стои „Нашето срце бие за Словенија“ нашата репрезентација е најавена како фудбалска репрезентација на „Северна Македонија“.

Но, еден Македонец, секаде каде што можел, со лепенки „Don’t you FIROM me“ и жолта лента ја покривал „Северна“ низ рекламните паноа во Марибор. Тој, неговата работа си ја завршил. Фотографиите кои ги доби „Денешен“ се доказ за тоа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2019 - 13:19
Фото: 
Курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега