ФОТО: Мајли Сајрус за луксузната вила платила 5.000.000 долари - има 6 спални соби, 4 купатила и базен

Мајли Сајрус тајно купила вила во Лос Анџелес, вредна речиси 5.000.000 долари.

Контроверзната пејачка се потрудила сè да изгледа елегантно, што многумина ги зачудило, со оглед на нејзиниот бурен живот.

Куќата е уредена во традиционален стил, направена е во 1957-ма година, а му припаѓала на братот на познат холивудски актер.

Куќата е реновинара, подот е од дрво, а еден дел од кујнскиот бар е уреден со стакло. Вилата исто така поседува кино, повеќе дневни соби и трпезарија, 6 спални соби и 4 купатила.

Пред куќата има и базен. Да потсетиме, претходниот дом на Мајли изгоре во пожар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.08.2020 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега