ФОТО: Мајката на македонската водителка на брз и бесен мотор - „Стварно е мајка ми, уозбилете се“

Некогашната македонска водителка Миа Костова долго време стагнира од малите екрани, па поактивна е на социјалните мрежи, кои вели дека ѝ носат добра заработка.

Таа често споделува и фотографии од приватниот живот, а сега ја покажа нејзината мајка.

Оливера Дилиндарски е мајката на Миа, инаку поранешна балерина која специјализирала во една од најпрестижните балетски школи во светот Ваганова, во Санкт Петербург, во Русија.

Миа ја сними својата мајка која е вљубеник во големите и брзи мотори, како вози и се снаоѓа во густиот сообраќај низ градот.

Многумина не ѝ поверуваа дека тоа ѝ е мајка, па таа напиша: „На сите што пишавте, стварно е мајка ми, уозбилте се“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Olivera Dilindarski (@dilindarski_o)

22.09.2021 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа