ФОТО: Луна Џогани воодушевена од Антониа Гиговска

Антониа Гиговска оваа година само реди успеси на професионален план. 

Победничката на „Задруга 2“, Луна Џогани деновиве беше во Скопје, во студиото на Дарко Димитров каде што ја снимаше својата прва песна, а токму Антонија и беше придружен вокал. 

Во интервју за „nemazabranjenih.rs“, Гиговска откри како изгледала средбата и откри што мисли за Луна.

„Супер е. Се запознаваме. Седевме и разговаравме. Таа е екстра. Песната ќе биде супер. Можам да кажам дека ќе биде хит, многу добро звучи. Дарко Димитров одлично си ја заврши работата. И направи добра песна“  вели Антониа за порталот.

Џогани на профилот на „Инстаграм“ објави фотографија со македонското девојче, а во описот на објавата напиша:

„Ја гледав во Задруга и уживав во нејзиниот глас, а денес мој придружен вокал во мојата прва песна. Ти благодарам многу драга, ме воодушеви. Ти посакувам многу среќа“ напиша Луна под заедничката фотографија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега