ФОТО: Лондонски аеродром пред колапс откако гром удри во системот за полнење гориво

Патници биле заробени во авионите на аеродромот Станстед, Лондон откако летовите биле откажани поради удар на гром во системот за полнење гориво.

Леталата биле принудени да останат на аеродромот откако гром го уништил целиот систем за полнење гориво.

Фотографии од хаотичните сцени изутрината се појавија на социјалните мрежа каде што се гледаат патници кои пристигнуваат на терминалите, а нивните летови се откажани.

Според пишувањата на западните медиуми, аеродромот ќе почне да функционира во текот на денот.

 

Во текот на изминатите 24 часа 62,598 громови удриле на територијата на Велика Британија.

Ова е дури 20 пати повеќе од просечна бура, каде што во просек има по околу 3.000 громови.

 

 

 

27.05.2018 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега