Според достапните податоци, вкупната излезност во Македонија до 11:00 часот на локалните избори во 2025 година изнесува 9,39% од вкупно запишани 1.832.415 гласачи.

Оваа излезност е помала во однос на претходните локални избори:

Во 2021 година, одѕивот до 11:00 часот бил 10,3%.

Во 2017 година, излезноста била 8,91%.

Во 2013 година, излезноста до 10:00 часот била 13,99%.

Во Град Скопје, вкупната излезност е 6,65% што е значително помалку од 2021 година (9,54%).

Највисока излезност во скопските општини има во Кисела Вода со 10,60%, потоа Бутел со 10,00% и Центар со 9,98%.

Exit mobile version