ФОТО: Лила му се врати на Банкарот

По подолг период, Лила ги наполни батериите и е подготвена за новите работни активности, па ако ви недостигал квизот „Се или нешто“ не грижете се. Лила му се врати на банакарот.

Имено, започнаа снимањата на 10тата сезона на квизот, а како што истакна самата водителка време е за враќање во реалноста.

Таа во текот на вчерашниот ден снимаше неколку емисии, а на социјалните мрежи сподели дел од атмосферата во студиото.

На својот „Инстаграм“ таа сподели фотографија со познатата слушалка преку која комуницира со банкарот.

„Ало банкару. Продолжуваме со снимање и се гледаме наскороооо…“, напиша водителката, а за оваа објава доби илјадници лајкови

Во кусите приказни на „Инстаграм“ таа сподели дел од атмосферата во студиото, па се е подготвено една од омилените водителки да се врати на телевизија, а гледачите да уживаат во квизот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа