ФОТО: Лидија Димова се подновила со два автомобили во вредност од околу 90 илијади евра

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова во 2108 година набавила две луксузни автомобили во вредност речиси од околу 90 илјади евра, објави „Курир“.

Имено, Димова во 2018 година за потребите на агенцијата набавила два нови автомобили од марката Фолксваген Пасат и Фолсвакен Тгуан во вредност од 45,327 евра, односно 43.576 илјади евра, со што вкупната сума на истите достигнува 88.903 илјади евра.

Контрадикторно е тоа што додека СДСМ беше во опазиција овие функционери како Димова силно се бунеа и протестираа против тогашната власт за секој вид на набавка, а откако се сместија во удобните фотељи, истите тие функционери заборавија и на сиромаштија и на ветувања и веднаш се одадоа во луксузирање, таков е овој случај со Лидија Димова.

Инаку, изминатите денови во јавноста излезе информацијата за скандалот каде што Димова на фризерница од Ново Лисиче и додели грант од околу 270 илјади евра пари на европските даночни обврзници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2020 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа