ФОТО: Левандовски покажа со кој ја поминал ноќта по финале на ЛШ - „Погледнете со каква убавица спиев“

Со последната фотографија која што ја објавил на социјалните мрежи, Роберт Левандовски, за само еден час добил над милион лајкови.

А, што има на фотографијата? Тој и пехарот од Лига на шампиони, во кревет.

Човекот кој што речиси е најзаслужен за освојувањето на Европа на минхенскиот тим, затоа што ја имаше една од најдобрите сезони во својот живот годинава, се фотографирал со пехарот во кревет, а под фотографијата напишал:

„Се разбудив вака“.

Фотографијата на Левандовски предизвикала многу позитивни реакции на социјалните мрежи и моментално е една од најпопуларните на истите.

Баерн Минхен до пехарот на Лигата на шампионите стигна вчера со победа од 1:0, против екипата на ПСЖ во Лисабон.

 
 
 
View this post on Instagram

Woke up like this #aboutlastnight #uclfinal @fcbayern

A post shared by Robert Lewandowski (@_rl9) on Aug 24, 2020 at 1:49am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2020 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега