ФОТО: Лекарите ја советувале да абортира 4 деца - не се согласила и денес е горда мајка на 7 деца

Првата седумка во светот од која преживеаја сите бебиња вчера ќе наполнат 23. години.

Приказната за седумте деца на Боби и Кени Мекој го обиколи светот по нивното раѓање. Сестрите и браќата Мекој се изборија за живот и ги надминаа очекувањата на докторите.

Седумка

По раѓањето на првото дете, брачниот пар од Ајова имал проблеми со зачнување, па бил принуден да помине низ постапката за вештачко оплодување. Резултатите од ин витро постапката биле позитивни и Боби останала бремена со седум бебиња.

Кени Џуниор, Алексис, Натали, Келси, Нејтан, Брендон и Џоел биле родени 9 недели предвреме и докторите биле загрижени за нивното здравје и живот. За среќа, сè се одвивало во најдобар ред и тие денес се израснати во возрасни личности и сите имаат завршено факултет.

Седумка

Среќните родители биле преплавени со позитивни коментари откако нивната приказна се прошири низ светот, но не изостанувале и острите критики.

Боби и Кени добивале негативни коментари, бидејќи одбиле да го намалат бројот на фетуси во утробата на Боби. Повеќеплодовите бремености се високо ризични, па поради тоа тие биле советувани да ги намалат ембрионите за да имаат три или четири деца. За разлика од многу парови во светот кои ги жртвуваат едните деца за да ги спасат другите, тоа не беше случај кај Боби и Кени. Тие одлучиле да ги задржат сите и да препуштат сè „во божји раце“.

„На почетокот, на секои 10 писма кои ги добивавме од лица кои се среќни за нас, добивавме едно писмо кое нè обвинуваше за експлоатација на децата“ – изјавила Боби во интервју во 2007 година.

Тие сè уште цврсто стојат зад својата одлука. „Дојдете во нашата куќа и кажете ми кои четири од нив не требаше да ги имам“ – вели мајката.

Семејството Мекој на шоуто на „Today“

Седумка

Алексис и Нејтан боледуваат од церебрална парализа и двајцата уште од мали нозе биле оперирани за да можат самостојно да одат.

„Спомените, радоста, главоболките... тоа нè водеше до тука каде што сме денес и тоа е многу специјално“ – вели Боби. „Порано имавме толку многу помош од семејството и пријателите. Ако ни требаше нешто, секогаш имаше некој кој сакаше да ни помогне. Имаме супер силен систем на поддршка. Имаме супер силна верба која ни беше каменот на кој моравме да стоиме“ – додала таа.

Семејството Мекој добивало помош од сите страни во форма на пари, комбе, куќа од 510 m2 и бројни бебешки производи кои им биле потребни. Тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон, дури им понудил стипендија и бесплатно студирање на седумте браќа и сестри на кој било универзитет во Ајова.

Седумка

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега