ФОТО: Краток одговор на Премиерот на пратеничкото прашање

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски објави фотографија од неговото прашање кое го поставил до премиерот Димитар Ковачевски, како и одговорот кој го добил.

Милошоски го прашал премиерот дали е информиран кои македонски општини добиле престижна награда „Европска ознака за извонредност во управувањето“, по што добил краток одговор - „Да“.

Она кога ради "завидлизам" на премиерот му е незгодно да ги наведе општините кои добиле европско признание за добро управување, бидејќи од 9 општини, во 8 се опозиционери: Битола, Виница, Радовиш, Аеродром, Неготино, Новаци и Штип (ВМРО), Берово (СДСМ) и Куманово (независен)“, пишува Милошоски.

24.11.2022 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега