ФОТО: Кралицата Елизабета се уште не го надмина шокот од повлекувањето на Хари, а веќе ја посрамоти уште еден внук

Три децении вниманието на јавноста е насочено кон принцовите Вилијам и Хари па често се заборава дека тие се само двајца од осумте внуци на Кралицата Елизабета Втора.

Додека целиот свет го тресе Мегзит, најстариот внук на кралицата Питер Филипс (42) се појавува во кинеска реклама за млеко.

Филипс во рекламата позира со чаша млеко, а во позадина се наоѓа куќа која наликува на Лонглит во Вилтшир.

Рекламата предизвика голем интерес во јавноста. Едни пишуваат дека Питер ја искористува позицијата за да го зголеми салдото, додека други едвај чекаат да го пробаат млекото.

Пред 12 години Питер се ожени со Отомн Кели од Канада, а фотографиите од венчавката екслузивно ги продадоа на еден портал. Се запознале во 2006 година на автомобилски трки во Монтреал.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега