ФОТО: Кончено уловени - Џенифер Лопез и Бен Афлек страсно се бакнуваа

Џенифер Лопез и Бен Афлек се фотографирани како разменуваат страсни бакнежи, очигледно потврдувајќи ги неколкунеделните гласини дека повторно ја разгореле романсата што доминираше во селебрити-медиумите пред речиси 20 години.

Фотографиите на папараците излегоа во „Њујорк пост“ во понеделникот, на 14 јуни. Двајцата актери се бакнуваат среде оброк во суши ресторанот „Нобу“ во Малибу западно од Лос Анџелес.

Весникот пишува дека Бен излегол на ручек со Џенифер и нејзиното семејство во неделата.

Претставниците на Лопез (51) во понеделникот одбија да коментираат, додека публицистите на Афлек не одговорија на барањето за коментар.

Лопез и режисерот на „Арго“, Афлек, парот кој медиумите го нарекуваа Бенифер, стана еден од најомилените и најфотогрфирани во светот на славните во раните 2000-ти. Тогашната романса ја обележаа нивните луксузни автомобили и голем веренички дијамантски прстен. Тие нагло ја прекинаа свршувачката во 2003 година и се разделија неколку месеци подоцна.

15.06.2021 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа