ФОТО: Ќерката на македонската пејачка порасна во убавица - голема причина за славење во нивниот дом

Македонската пејачка Наташа Малинкова освен што е успешна во својата кариера, таа е и одлична мајка.

Заедно со сопругот Кире ги имаат двете ќерки Султана и Емилија.

Деновиве во нивниот дом имаше причина за славење. Султана стана полнолетна девојка, која убавината ја наследи од својата мајка.

По тој повод Наташа објави фотографија на која е прегрната со својата ќерка, а во опис напиша емотивна фотографија.

„Вака те држвев точно пред 18 години кога те родив. Му благодарам на Бог што те имам моја паметна и убава….Летај птицо моја. Од денес започнува ново поглавје во твојот живот. Те сакам мама“, пишува Наташа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2021 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа