ФОТО: Ќерката на Ел Чапо покрена модна линија во чест на татко ѝ - го носи името на нарко-босот, а веќе е голем хит

Мексиканскиот нарко-бос Хоакин Ел Чапо Гузман е осуден на доживотен затвор, пет месеци откако американскиот суд го обвинил за криумчарење на дрога, перење пари и нелегално поседување на оружје.

Ден пред изрекувањето на пресудата, неговата најстара ќерка Алехандрина Гузман Салазар официјално ја претставила модната линија наречена по нејзиниот татко „Ел Чапо 701“ во Гвадалахара.

Бројот 701 го претставува местото кое Ел Чапо го заземал на листата на „Фрбсовој“ на најбогати луѓе. Американската влада сака да го одземе целиот негов имот кој е проценет на 12,7 милијарди долари, пренесува Бизнис инсајдер.

Модната линија заснована на славата на еден од најголемите нарко-босови во историјата би била совршена додатна „каса“, чиј профит американската влада нема да може да го добие.

Линијата јакни, капи, ремени, чевли и запалки во сопственост на ќерката на Ел Чапо. Некои од производите ги направиле и затворениците од затворот Пуенте Гранде од каде нејзиниот татко избегал во  година.

Претставниците на брендот најавиле дека приходот ќе биде наменет за реинтеграција на затвореници и програм за одвикнување на дрога.

Ел Чапо линијата ја најави уште во март и кажа дека тој нема да профитира од неа. Со тоа оградување и Алехандриното чисто досие, компанијата тешко ќе биде мета на американските власти. Другата приказна била дека фирмата ќе ја води некој од синовите на Ел Чапо кои се барани во САД, пренесува Би-Би-Си.

Иако нема докази дека Алехандрина и нејзиното претприемништво направиле некакво злодело, трговците на дрога често се потпираат на работите кои делуваат легитимно за да прикријат незаконски работи. Се верува дека картелот на Ел Чапо наводно користи увоз на облека и чевли преку Лос Анџелес за да пере пари од дрога.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега