Во Драмски театар денеска ќе се одржи комеморација за актерката Ленче Делова која почина на 15 февруари годинава, на 77 годишна возраст. 

Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите, како што наведува Драмски, достоинствено, со збор, сеќавење, фотографија и снимка, ќе се потсетат на кариерата на македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова.

Ленче беше македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. На сцената на Драмски театар – Скопје, таа настапувала од 1964 година како глумец аматер. Во 1970 година, таа се вработила во Драмски театар – Скопје и работела сè до нејзиното пензионирање во 2013 година.

Има освоено бројни награди како 1978: Награда „13 Октомври“ за учество во „Хамлет“ како ликот Офелија.


Во 1996: Награда за најдобро глумечко остварување, доделена за време на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата на Трајанка во „Ни ќар – ни зијан“.


Во 2006: Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“.

Exit mobile version