(ФОТО) Камион паднал во бездна и се запалил на патот Гостивар – Кичево

Денеска (28 септември) во 12 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Новоселски мост, товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од Скопје, излетало од коловоз, паднало во бездна и се запалило, пренесува gostivarpress.mk.


Возачот на товарното возило е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде му се констатирани тешки телесни повреди, а екипи од гостиварската Територијална противпожарна единица го локализирале пожарот на возилото.

На местото на несреќата увид врши екипа од ОВР Гостивар.

28.09.2022 - 14:21
Фото: 
Принтскрин gostivarpress.mk

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега