ФОТО: Како и цел нормален свет - претседателот на Австрија фотографиран додека се вози во метрo во Виена

Претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен повторно ја воодушеви јавноста и покажа дека положбата, моќта и славата не го промениле.

Тој бил фотографиран како се вози со метро во Виена, како и секој друг жител од тој град.

Не бил ни опкружен со обезбедување и цело време стоел мирни и листал документи кои ги носел со себе.

Ова не е првпат Ван дер Белен да користи градски превоз за да се движи низ Виена. Исто се случи и во јануари, а таа прошетка ја сподели на својот Инстаграм профил.

Ни овој пат не одолеа, па фотографија од него додека се вози во градски профил си објави на својот профил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега