ФОТО: Ја воодушеви - Цеца доби скапоцен подарок од снаата

Кон крајот на ноември се одржа свадбената веселба на бремената Богдана и Вељко Ражнатовиќ, каде беа присутни голем број гости и познати личности, кои оваа посебна веселба ја прославија со семејството на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, која тогаш и официјално доби снаа.

Колку се согласуваат Богдана и Цеца имавме шанса да видиме повеќе од еднаш, кога се пофалија една со друга, се појавија на разни јавни настани заедно, а фотографиите што ги споделија на социјалните мрежи исто така сведочат дека убавата трудница е во одлични односи со нејзиното ново семејство.

Како потврда на сето ова, Цеца сега се пофали на Инстаграм со подарокот што го добила од својата снаа.

Богдана ја воодушеви Цеца со прекрасен прстен, а не ја пропушти можноста јавно да и се заблагодари.

„Подарок од мојата најпрекрасна снаа“, напиша Цеца за фотографија на која прстенот во форма на цвет блеска на нејзината рака.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега