Според достапните податоци, вкупната излезност во Македонија до 13:00 часот на локалните избори во 2025 година изнесува 20,16% од вкупно запишани 1.832.415 гласачи.

Оваа излезност е речиси иста со онаа во 2021 година ( 20,55%), но значително пониска во однос на 2017 година (27,30%) и 2013 година (36,73%).

Во Град Скопје, вкупната излезност е 20,07% од 474.304 гласачи, повеќе од 2021 година (18,71%).

Највисока излезност во скопските општини има во Центар со 22,03% и Карпош со 21,69%.

Од останатите градови, највисок одѕив има во Штип (24,23%) и Струмица (22,75%). Најниска излезност е забележана во Гостивар (11,66%).

Exit mobile version