ФОТО: Излезност до 19 часот по општини - каде граѓаните најмногу гласале, а каде најмалку

До 19 часот на гласање излегле 830.370 граѓани со право на глас односно одѕивот е 45,77 проценти, објави вечерва Државната изборна комисија. Обработени се податоци од 3.463 гласачки места.

Според податоците што ги објави на прес-конференција портпаролот на ДИК Адмир Шабани, најголема излезност има во Четвртата изборна единица – 53,24 проценти, а најмала и понатаму останува Шестата изборна единица со 35,49 проценти.

Во Втората изборна единица излезноста е 43,04 проценти, во Третата 51,52 и во Петтата 44,89 проценти.

По првпат годинава поради пандемијата гласањето е продолжено за два часа од вообичаеното, односно ќе се гласа до 21 часот. 

Ова е излезноста објавена на официјалната страна на ДИК по општини:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега