ФОТО: Изгоре објект кај Градскиот пазар во Охрид

Пожар утрово избувна во објект за земјоделски производи кај Градскиот пазар. Според информациите од командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски опожарениот објект е изгорен целосно и предизвикана е само материјална штета, нема повредени лица, пренесува Ohrid news.

„Пожарот утрово беше во објект каде се продаваат земјоделски производи, опожарен е целосно и до него двете тенди. Пожарот се случи нешто по 4 часот утринава. Предизвикана е материјална штета. Причината за пожарот сеуште не се знае. Интервенирано е од ТППЕ Охрид со две возила и четворица пожарнинкари“, вели Јанкулоски.

Увид на терен утрово вршат екипи од крим техника при СВР Охрид.

07.09.2023 - 10:36
Фото: 
Ohrid News

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега