ФОТО: Исчезна битолчанец- неговата сестра бара помош да се пронајде

Битолчанка на социјалните мрежи сподели фотографија и побара помош да се пронајде нејзиниот брат кој од вчера е исчезнат.

„Исчезнат е брат ми Владимир Јончев. Владимир има 34 години, висок е приближно 195 cm, a тежок е отприлика 120 kg. Крупен е и со црна кратка коса. Облечен е во црни тренерки и црна маица со кратки ракави, а бел натпис на предната страна на маицата и обувките му се црни машки кломпи. Исчезнат е вчера (22.6.2020 г.) на пладне. Прв пат е исчезнат од дома. Живее во Јени Маало на средсело. Ги замолувам моите солидарни сограѓани да фрлат поглед на страна и доколку го видат некаде да се обидат да го задржат и веднаш да ме известат на телефон 071 360 653.

Случајот е пријавен во Полиција, но до 24 часа не се презема ништо, па ние сакаме да се тркаме со времето. Последно е забележан окулу "Ангромаркет" кај Пазарот. Со почит, MarjanJoncev и Софија Јончева.“ пишува битолчанката Софија Јанчева.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега